А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Хан: Бугарија да не го злоупотребува пристапниот процес за билатерални спорови

by А1он10/10/2019 - 15:5110/10/2019 - 15:53375
Share1

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми.

Добивај вести на вибер

Одговарајќи на прашање за позицијата на Бугарија околу преговорите со Северна Македонија и барањата поврзани за историјата и јазикот, Хан истакна дека е „многу уверен дека ова не води кон никакво вето“ и дека има „многу доверба“ во бугарскиот премиер Бојко Борисов дека тоа нема да се случи.

– Но, ова е исто така прашање каде можам само итно да ги повикам нашите земји членки да не го употребуваат процесот за билатерални прашања, ако тоа биде случај, тогаш ова никаде не води, истакна комесарот Хан.

Тој ја искористи можноста да ги повика земјите членки на ЕУ да го поедностават преговарачкиот процес за земјите кандидати, со помалку простор за блокади.

– Затоа и повеќе пати реков дека иако сум за задржување на едногласноста за одлуката за отворање преговори и одлуката за прием на нови членки, сметам дека за сите бројни чекори помеѓу, бенчмаркови, отворање преговори, итн., доволно би било квалификувано мнозинство, па дури и минус една или две земји затоа што тоа е реалноста, прагматичен пристап ни оди на сите во корист и не им штети на нашите интереси, изјави Јоханес Хан за МИА.

bugarijaeumakedonija

Би можело да ве интересира

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

Горан Наумовски19/02/2026 - 10:08

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 13:4718/02/2026 - 13:49

Ѓорѓиевски: Градежните активности се одвиваат во полн ек

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 19:3016/02/2026 - 21:00

За една седмица констатирани 4490 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“

Предраг Петровиќ16/02/2026 - 15:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен