(ВИДЕО) Арсовски: Ременски веднаш да се повлече од функцијата пратеник

Од:

„СДСМ не е политичка, туку рекетарска организација. Раководството на партијата, почнувајќи од претседателот Зоран Заев е длабоко инволвирано во криминал.

Сега гледаме дека длабоко во криминал се заглавени и неговите поранешни потпретседатели и останатите функционери за кои претходно говоревме дека за криминалот за кои се заглавени беа разрешени од своите позиции од страна на Заев.

Под притисок на јавноста, Русковска обвинителството дури после шест месеци собра храброст да преземе мерки против Фросина Ременски. Отворено се сомневаме дека целиот овој период истрагата се развлекуваше само за да се избришат трагите кои водат до нејзиниот претпоставен, главата на октоподот тоа е Зоран Заев“, реле Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели шест месеци од јавното обелоденување на обвинителско-медиумско-политичко рекетарските шеми на Заев, Ременски беше оставена да ги извршува и партиските функции, но и функцијата потпретседател на Собранието. Цели шест месеци на Ременски и беше оставена можност да влијае и на сведоците и на истрагата и на сите други процеси во државата, практично да уценува со својата позиција.

Фросина Ременски мора да се повлече од функцијата пратеник за да овозможи истрагата да се одвива без никакви влијанија.

Фросина Ременски има моќна позиција и може да влијае и преку нејзиниот сопруг кој располага со класифицирани информации и државни тајни. Сите видовме дека сопругот на Фросина Ременски дури и преку фејсбук се закануваше со апсења. Може да претпоставиме што ќе прави наредниот период само да ја заштити својата понежна и поубава половина.

Случајот рекет е срам за Република Македонија и најдобар доказ дека целата држава е заложник на криминалците од власта. Случајот Рекет не смее да заврши како за пресметка меѓу параполициските структури внатре во СДСМ или нивен меѓусебен договор за заташкување на случајот

Правда мора да има. Улогата на Зоран Заев во рекетот мора да биде утврдена и санкционирана“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски