А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Извештајот на ЕК за Македонија на 16-ти април, а Резолуцијата на Европарламентот на 8-ми април

by А1он11/03/2013 - 12:4711/03/2013 - 18:56127
Share0

Познати се датумите кога Европската комисија ќе го објави Специјалниот извештај за Република Македонија, од којшто зависи дали на јунскиот Самит на Европскиот совет ќе добиеме датум за почеток на пристапните преговори, но и кога Европскиот парламент ќе гласа за Резолуцијата за нашата земја.

Добивај вести на вибер

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, еден ден по вториот круг на локалните избори во Македонија, односно на 8-ми април, Европарламентот ќе гласа за Резолуцијата, со која всушност се дава мислење на законодавниот дом за октомврискиот извештај на Комисијата, кој како што е познато беше најпозитивен.

Што е поважно за нас, Специјалниот пролетен извештај на ЕК, кој ќе биде сконцентриран на резултатите од заклучоците на последниот Самит на Советот за Македонија, односно добрососедството со Бугарија, развивањето на преговорите за наметнатиот спор за името со Грција и резултатите од Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), ќе биде готов и објавен на 16-ти април. Него, според воспоставената пракса на Комисијата, го разработуваат сите одделенија во неформалната Влада на ЕУ, а дента ќе го објави еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Според извори во ЕК, доколку се биде во ред со одвивањето на локалните избори и тие минат мирно и демократски, со сигурност може да се очекува и овој вонреден извештај на Комисијата да биде позитивен, а со тоа на Европскито совет да не му остане ништо друго освен во јуни да определи датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата. Според најавите, во јуни може да се очекува да биде дадено зелено светло за почеток на т.н. скрининг-процес (усогласување на европското со домашното право и закони), а до крајот на оваа година и формално да почнат пристапните преговори, при што како тајминг се споменуваат септември и декември месец.

Што се однесува до гласањето за Резолуцијата за Македонија од страна на Европскиот парламент, по одложувањето тоа да се случи на 4. март, поради политичката криза, што во меѓувреме беше разрешена, известувачот Ричард Ховит побара и тоа е речиси сигурно дека ќе биде одобрено, на 8-ми април, што е еден ден по завршувањето на вториот круг од локалните избори во Македонија, законодавниот дом на ЕУ да го даде финалното мислење. Во оваа Резолуција, според најавите, голем дел од амандманите би биле споени во помалку со цел полесно да бидат усвоени, а политичките случувања се очекува да завземат место во еден параграф, со тоа што на крајот би било забележано дека кризата е надмината.

Инаку, комесарот Филе и длеегација на Директоратот за проширување, неделата меѓу 25. и 1. март (по првиот круг на локалните избори) би требало да пристигнат во Скопје во рмаки на Четвртата рунда од ХЛАД-от.

eu

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:14

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Горан Наумовски19/02/2026 - 11:13

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Горан Наумовски19/02/2026 - 06:48

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Захарова: Киев и ЕУ не сакаат да го продолжат дијалогот

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:13

Бабиш ја повикува Европа да започне мировни преговори со Путин

Горан Наумовски08/02/2026 - 18:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен