Кандидатот за градоначалник на општина Карпош од коалицијата „Сојузот за иднината“ предводена од СДСМ, Андреј Петров денеска во Порта Влае најави изградба на катна гаража со капацитет од 300 паркинг места.
Тој посочи дека доколку ја добие довербата од граѓаните нема да дозволи зонско паркирање во Карпош.
Петров рече дека во Порта Влае целосно ќе го реконструира плочникот со поставување хидроизолација и партерно уредување.
„Во Карпош нема да дозволиме зонско паркирање. Тука во Порта Влае ќе изградиме катна гаража за паркирање на возила, со капацитет од 300 паркинг места. Рок за изведување на оваа работа е крајот на 2013 година.Кога веќе зборуваме за Порта Влае ќе се изведе целосна реконструкција на плочникот со поставување на хидроизолација и партерно уредување на истиот.
Влезот во Општината заслужува да има свој посебен печат на Општина Карпош. Заради сето тоа во мојот мандат за следниот период, јас и советничката група од Сојузот за иднината целосно ќе ја обновиме фасадата на зградата-Порта Влае.
Со поставување на современа изолација и реконструкција на изгледот на овој огромен комплекс на самиот влез во Општината, во кој живеат голем број на наши сограѓани од една страна – ќе имаме сосема поинаква слика за општината од страна на случајните посетители, а од друга страна на жителите ќе им се исполни долгогодишното барање и ќе им се оддаде признание за лојалноста кон својата општина и плаќањето на даноците.
– Рок за изведување на оваа активност е декември 2016 година“, изјави Андреј Петров, кандидат за градоначалник на Карпош на коалицијата Сојуз за иднината.