Пенс не е против да се објави трaнскрипт од неговите разговори се Зеленски

Од:

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, изјави дека не е против да се објават неговите телефонски разговори со претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

Притоа, како што дознава „Политико“, Пенс одбегна да одговори на прашањето дали тој знаел за намерата на претседателот Доналд Трамп да ја натера Украина да спроведе истрага против семејството на Џо Бајден, поранешен потпретседател на САД.

-Се што можам да кажам е дека сите наши интерни дискусии меѓу претседателот и нашиот тим и контактите на мојот кабинет со Украина беа насочни кон проблемите со недостаток од европска поддршка (за Украина) и корупцијата, изјави Пенс синоќа за време на настан во Ајова.

Белата куќа неодамна објави транскрипт од телефонскоит разговор меѓу Трамп и Зеленски одржан при крајот во јули.

Тоа се случи откако домаќинот на Белата куќа се осомничи дека вршел притисок врз украинскиот претседател, Украина да започне истрага против Хантер Бајден, син на поранешниот потпреседател Бајден, учесник во трката за номинација претседателски кандидат од страна на демократите и можен соперник на Трамп на изборите во ноември 2020 година.

Би можело да ве интересира

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам