СДСМ: Обезбедени 10 милиони евра за субвенционирање на 10.000 семејства за набавка на инвертори

Од:

„Мерките кои ги презема Владата предводена од СДСМ и сите надлежни институции покажуваат дека политиките што обезбедуваат почист воздух се на прав пат.

Преку Електрани на Северна Македонија обезбедени се 10 милиони евра за субвенционирање на високоефикасни инвертер клима уреди за 10.000 семејства.

10.000 домаќинства кои користат неефикасни уреди за греење на тврдо и фосилно гориво и кои живеат во најзагадените општини како Битола, Кичево, Тетово и Градот Скопје ќе можат да аплицираат за ваучер во висина од 60.000 денари за набавка на високоефикасни инвертер клима уреди.

При реализација на мерката предност ќе имаат оние семејства чии вкупни приходи се до 30.000 денари“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Греењето со инвертер клима уреди освен што е еколошко е и поевтино од греењето на дрва, што ќе обезбеди заштеда во домашните буџети и позитивно ќе влијае врз решавањето на проблемот со аерозагадувањето кој е најголем токму во грејната сезона.

СДСМ уште еднаш докажува дека е посветена на квалитетна и здрава животна околина, што е предуслов за квалитетен живот на сите граѓани, што воедно е и една од главните заложби во Програмата „Живот за сите“.

Продолжуваме со креирање и реализација на политки во интерес на граѓаните и животната средина. Борбата против аерозагадувањето е на прав пат!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он