Починати грчки пратеници, свештеници и градоначалници се уште примаат пензии

Од:

Седуммина поранешни грчки пратеници, 25 свештеници, 92 некогашни градоначалници и регионални управители, 420 државни службеници, 243 офицери и 366 воени ветерани примаат пензии, иако со години веќе не се меѓу живите или пак не ги исполнуваат условите за пензионирање, објави атинскиот весник „Имерсија“.

Според весникот, до ваквото сознание е дојдено по проверка извршана од страна на грчкото Министерство за финансии. Проверката била иницирана откако било утврдено дека државата исплаќа 2.368 пензии повеќе, отколку што има пензионери, според резулатите од пописот на населението.

Според Министерството, со ваквите пензии државата била оштетена за 24 милиони евра.

Министерството претпоставува дека до овој пропуст дошло бидејќи нивните роднини „заборавиле“ да пријават дека починале или пак самите лажни пензионери „пропуштиле да информираат дека не ги исполнуваат условите за пемзонирање“.

Минатата година Грција престана со исплата на околу 200.000 пензии, кои биле исплаќани на име на починати лица или врз основа на фалсисикувана документација.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит