Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Кавадарци

Од:

Кривична пријава против поранешниот градоначалник на Кавадарци поднесе надворешната канцеларија за криминалистички работи-Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Како што соопшти МВР, во периодот од 2010 до 2013 пријавениот А.П.(50), како градоначалник на општина Кавадарци, без донесена одлука за донесување на детален урбанистички план за изградба на „Зелен пазар“, избрал фирма од Прилеп за изработка на идеен и основен проект за изградба на наведениот објект. Притоа, тој во три наврати на таа фирма ѝ исплатил вкупно 2.689.800 денари за наведените услуги.

По изготвувањето на проектот и донесувањето на генерален урбанистички план за наведениот објект, пријавениот, не ја спровел одлуката на Советот на општина Кавадарци за расчистување на имотно – правните односи при изградба на објектот, по што објектот не бил изграден. Со ова, пријавениот ѝ овозможил на фирмата од Прилеп да се стекне со противправна имотна корист од 2.689.800 денари на штета на Буџетот на општина Кавадарци, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес