Филипински натрапници предизвикаа бегалски бран во Северно Борнео

Од:

Приближно 3.000 лица ги напуштија своите домови откако малезиските трупи ја засилија потрагата по филипинските приврзеници на султанот Кирам III, кои од минатиот месец се стационираа во источниот дел од државата Сабат, барајќи ја земјата на своите прадедовци, денеска изјави полициски извор, пренесен од ДПА.

Бегалците доаѓаат од осум села во Лахад Дату, на 1.600 километри источно од Куала Лумпур, што од 1 март е центарот на воената операција, изјави изворот.

-Евакуираните се сместени во три евакуациски центри, изјави изворот кој побара анонимност. „ Имаме доволно храна и медицински помагала за да се грижиме за нив“.

Тој додаде дека повеќето училишта во Лахад Дату денеска се отворени, освен оние во регионот каде полицијата и војската ги спроведуваат своите операции.

-Продавниците се отворени, додаде тој. „Секако, луѓето се уште се загрижени за конфликтот. Ние искрено се надеваме дека тој набрзо ќе заврши“.

Кризата почна на 12 февруари кога повеќе од 200 следбеници на Сулу Султан Џамал Кирам III кренаа камп во селото Тандуо во Лахад Дату за да ги искажат своите наследни права во земјата во Сабах.

Султанатот земјата ја изнајмил во 1878 година за компанијата Британски Северен Борнео, што потоа, по независноста на Малезија, минала во сопственост на државата.

Шефот на полицијата во Сабах, Хамза Таиб, за локална телевизија изјави дека армиските сили вчера убиле филипински бунтовник во престрелка во селото Танјунг Бату, каде двајца полицајци беа повредени.

Тој изјави дека од почетокот на борбите со малезиските сили, на 1 март, до сега се убиени 54 филипински следбеници на султанот Кирам. Осумммина полициски командоси и еден тинејџер, исто така, се убиени во борбите.

Би можело да ве интересира

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Екстремни горештини на Филипините