Доделување награди на филмскиот фестивал „Киненова“

Од:

Со доделување награди вечер ќе заврши официјалниот дел од програмата на фестивалот посветен на дебитантски филм „Киненова“, на кој годинава се натпреваруваат седум филма кои се први или втори остварувања на режисерите.

До 13 октомври ќе бидат прикажани филмови од другите фестивалски програми. Во следните неколку дена ќе има проекции од унгарската кинематографија, како и повторно прикажување на филмот „Медена земја“ на 13 октомври во 18 часот.

На програмата денеска се два филма – од 18 часот е „Пандорината кутија“ на турската режисерка Јесим Устаоглу, која е и член на годинашното жири на „Киненова“, а од 20 часот – данскиот филм „Застарениот случај Хамарскјелд“ по сценарио и режија на Мадс Бругер.

Филмот е за шведскиот политичар Даг Хамарскјелд за кого се смета дека му е извршен атентат. Режисерот Бругер се охрабрил повторно да го отвори овој случај.

– … Случајот стар повеќе од 50 години добива нова димензија и открива криминал многу поголем од убивањето на тогашниот генерален секретар на ОН… Со лични истражувања Бругер донесува на виделина една вешто скриена вистина со својот брилијантен и наградуван документарен филм, соопшти „Киненова“.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска