Седуммина затвореници побегнаа од новоизграден затвор во североисточниот дел на Грција, во близина на турската граница.
Затворениците успеале да избегнат преку прозорец и ја прескокнале оградата на затворот. Полицијата го пребарува целиот реон околу градот Ферес.
Бегалците се странски државјани – тројца Ирачани и по еден Алжирец, Египќанец, Сириец и Турчин, соопшти полицијата.
Шестмина од нив се затворени поради шверц со нелегални имигранти, а еден за илегална трговија со дрога.