А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

(ВИДЕО) Шахпаска: По 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово-Бељаковце-К.Паланка

by А1он08/10/2019 - 14:1708/10/2019 - 14:22209
Share0

Државниот долг е 30.4 отсто, а јавниот долг според последните официјални информации е 46 отсто, што е многу далеку од тоа што вие го проектиравте, истакна пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска во реплика на денешната собраниска седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Таа посочи дека работењето на оваа Влада е транспарентно и отчетно, што не беше пракса за работењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога беа на власт. Време кога не се знаеше ниту колку вработени има администрацијата , ниту колку се долговите на општините.

Со доаѓањето на СДСМ на власт имаме бројка јавно достапна за број на вработени, а исто така оваа власт со посебна мерка обезбеди исплата на 50 отсто на долговите на општините, со цел нивно деблокирање и нивно непречено функционирање, посочи Шахпаска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вие го направивте проектот Скопје 2014 година , но не го исплативте. Сето тоа се долгови кои актуелната власт ги наследила и ги менаџира, рече Шахпаска.

Конечно, за прв пат после 15 години деблокирана е изградбата на железницата Куманово- Бељаковце, каде што за 15 години беа изградени само 23 отсто од неа. Оваа пролет можеме да очекуваме финиширање на првата фаза на железницата Куманово-Бељаковце-Крива Паланка, истакна Шахпаска.

Таа додаде дека обезбедени се и два гранта за изградба на втората фаза од 68 милиони евра и за третата фаза од 60.8 милиони евра, за оваа железничка линија.

– Истовремено изградена е и пругата од Битола до Кременица кон граничниот премин со Грција во должина од 16 км, за што беа издвоени 21 милион евра. Од тука произлегува дека тезата дека ништо не се гради, не е точна, истакна Шахпаска.

„Во насока на зачувување на животната средина и борбата против аерозагадувањето е и обезбедувањето на 40 милиони евра за набавка на еко инвертори за домаќинствата во најзагадените градови Скопје ,Тетово,Битола и Кичево. Што воедно е прва мерка од ваков тип со цел намалување на загадувањето“, заврши Шахпаска.

sdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Горан Наумовски08/05/2026 - 12:22

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 11:35

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Катерина Ѓуровски05/05/2026 - 11:31

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 11:48

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Горан Наумовски03/05/2026 - 15:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто