Бомба експлодира синоќа пред просториите на компанијата за брза пошта „Свифт мејл“ во Атина, при што е причинета само материјална штета. Според полицијата, станува збор за рачно изработена бомба, а пред експлозијата не бил дадено никакво предупредување.
Во 2010-та година анархистичката група Заговор на огнените јадра ја искористи оваа компанија за испраќање пакет-бомби до неколку амбасади во грчкиот главен град и до европски претставници во други земји, меѓу кои и до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.