Државната изборна комисија (ДИК) на денешната јавна седница изврши дополнително жребување за утврдување на редоследот на гласачкото ливче за Локалните избори 2013 на партиите кои поднесоа листи и кандидати во дополнителниот утврен рок 8-ми март.
Во дополнителниот рок се пријавиле коалицијата предводена од СДСМ, Либерална партија, Движење за национално единство на Турците и Републиканска алијанса.
СДСМ со коалицијата Сојуз за иднината ќе настапи под реден број 42, Либералната
партија со број 112.