Црвенковски: Да не го чекаме септември, да завршиме многу порано

Од:

Лидерот на Сојузот за иднината, претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски се обрати на митингот во Крива Паланка.

Заедно, рече тој, организиравме стотици, митинзи, протести, каравани со вас низ Македонија и видовме дека се пробуди желбата на нашиот народ да се бори, да се пружи отпор против оваа тиранија, и против оваа аздисана власт на еден човек. И заради вашата решителност во Македонија предвремени избори ќе има, нека се инаетат и нека го читаат документот лажно и нека штанцаат лажни анкети колку сакаат, за нив бегање од народната казна нема да има, бојкотот е прекинат но отпорот продолжува одиме до крај, до конечна победа.

Да не го чекаме септември да завршиме многу порано, имаме можност на 24 март вашиот глас да извојува две победи, прво за локална власт, Крива Паланка ни е сигурна, Mладеновски е човек со авторитет, чесен, сериозен и скромен, рече Црвенковски.

На 24 март имаме шанса да им наплатиме за се што ни направија во изминативе 7 години, за сите малтретирања, за сите полициски казни, за сите откази и деградирања. Не направија земја во која човек се плаши на телефон да зборува. Сите критички весници и телевизии ги затворија, јавниот сервис и Сител станаа пералници на мозоци. Не направија земја светски првак во мизерија, рече Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме