Во Бугарија се одржаа масовни протести против монополот, приватизацијата на националните железници, високите цени и невработеноста.
Демонстрантите блокираа патишта во југозападна Бугарија, каде што се судрија со полицијата, а блокирана беше и железничката станица во Варна.
Тие носеа слогани како „Бугаријо, разбуди се“, „Иднината за младите“, „Железницата не е на продажба“ и „Мафија“.
Освен во Софија и Варна протести се најавени во уште 30 градови.