ВМРО-ДПМНЕ: Петрески манипулира со народот

Од:

По повод изјавата на Петрески за Закон кој наводно го поднел пратеникот Александар Николоски од ОК на ВМРО ДПМНЕ информираат дека во Собранието на Република Македонија никогаш не е усвоен Закон за национализација на било какво земјиште.

„Тоа е манипулација од најдолен вид својствена за политиката на лаги на градоначалникот на Охрид во заминување. Пратеникот Александар Николоски во Собранието на РМ поднесе единствено закон со кој се овозможува побрза градба на објекти од прва категорија а тоа се хидоцентрали, термо централи, патишта и автопатишта, водоводни и канализациони системи и спортски објекти. Градоначалникот на Охрид во заминување многу добро знае дека во Љубаништа ништо од ова не е предвидено, а онаму каде што е предвидено обесштетувањето ќе биде по пазарна цена“, стои во соопштението на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ прифаќа надзорна и анкетна комисија за Кочани, но да бидат вклучени и другите трагедии

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми