Прв пораз на Еурофарм Работник во ракометната СЕХА Лига

Од:

Во натпревар со малку голови, Еурофарм Работник вечерва во Загреб го доживеа првиот пораз во ракометната СЕХА лига. Домашната екипа ППД Загреб, т.н. „бели лавови“ беа за еден гол подобри од битолските „фармацевти“ и победија со 24:23, иако првото полувреме заврши нерешено, 11:11.

Во тактички натпревар, одбраната на Веселин Вујовиќ ја надмудри одбраната на тимот на Стевче Алушовски и затоа стрелците во двете екипи затаија и беа недоволно ефикасни.

Кај домаќините Мраковчиќ постигна само 4 голови, додека кај битолчани Јотиќ како најефикасен постигна 5 голови во 60 минути активна игра

Еурофарм и Веспрем со по девет бода за на првите две места во Б-групта, Загреб е трет со шест бода.

Би можело да ве интересира

Загреб прв финалист на Ф4 во СЕХА-лигата

Ана Ололовска

Вардар ќе игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата

А1он

Вујовиќ: Во Загреб одиме на победа, нема да калкулираме со предноста од Скопје

А1он

Вујовиќ: Предноста од четири гола е убава, но ништо не е решено

Ана Ололовска

СЕХА: Вардар 1961 обезбеди четири голови предност за ревашот во Загреб

А1он

Бабиќ: Одговорноста за поразот од Мешков Брест е моја

Ана Ололовска