ВМРО-ДПМНЕ: За каков прав пат говори Заев кога нема напредок во ниту едно поле

Од:

„Зоран Заев е на прав пат да ја уништи државата на секое поле. Со право јавноста се прашува за каков прав пат говори кога нема напредок во ниту едно поле, туку само пропаѓање надолу. Така подобро е да се каже дека Македонија со Заев е во стрмоглав ПАД.

За Зоран Заев прав пат е падот на листата на Транспаренси Македонија кај што по индекс на перцепција на корупција делиме 93 место заедно со афричките земји.

За Зоран прав пат е падот на стандардот на граѓаните при што имаме над 500 илјади граѓани кои живеат на работ на сиромаштијата.

За Зоран Заев прав пат е бесперспективноста на граѓаните. Над 80% од младите сакаат да ја напуштат Македонија затоа што младинската невработеност е 47%.

За Зоран Заев прав пат е податокот дека на Шангајската листа нема ниту еден универзитет од Македонија, затоа што образованието тоне во хаос.

За Зоран Заев прав пат е најнискиот раст на економијата на регионално и европско ниво и тоа што јавниот долг надмина 5 милијарди евра.

За Зоран Заев оценката НУЛА од странските инвеститори е прав пат и податокот дека странските инвестиции се убедливо најниски во регионот.

Прав пат за Заев е случајот Рекет 1, Рекет2, Рекет 3, заедно со торбите Луј Витон во кои до гуша се заглавени лица од неговото непосредно опкружување, што само потврдува дека токму тој е главата на вака добро организираниот криминален октопод

Каде гледа Зоран Заев прав пат кога нивото на реализација на капитални инвестиции е катастрофално од само 28,16% за шест месеци, што доволно говори дека оваа влада е неспособна и не работи ништо.

Постојат уште десетици клучки параметри кои го побиваат тврдењето на Заев дека е на прав пат. Сите останати граѓани добро чувствуваат по свој грб и по својот џеб дека државата тоне, хаос има во секој сектор, а единствено цвета криминалот и бизнисите на функционерите од власта. Ако е толку убеден Заев дека е на прав пат нека смогне храброст и нека се соочи на избори час поскоро, за конечно да ја ослободи државата и да започне темелната обнова на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на говорот на Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски