(ВИДЕО) Атанасов: СДСМ дозволува да се распаѓа Музејот на Македонија и културното наследство на државата

Од:

„СДСМ откако ја продаде македонската историја, култура и традиција, сега го уништува и остава да пропадне непроценливото културно наследство на Република Македонија.

Музејот на Македонија, кој треба да е симбол на историскиот и културниот идентитет на државата е пред распаѓање и се наоѓа во катастрофално лоша состојба, со срушени тавани, мувлосани простории и загрозени артефакти.

СДСМ иако ветуваше поправање на сите штети, санирање и реновирање, но и сите објекти кои се од важно културно и историско значење, сега гледаме дека имаме само низа од празни ветувања. Власта цели три години со прст нема мрднато ниту за заштитата на културното наследство на државата, а уште помалку за Музејот на Македонија“, рече Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ ветуваа санација на Галеријата на икони, а сега гледаме дека изложбениот простор кој наликува на магацински простор е затворен, наместо да е реновирана просторија каде ќе бидат изложени предметите кои се прогласени за културно наследство од особено значење.

Иконите наместо да бидат заштитени и изложени за да може да ги видат посетителите, тие се оставени без никаква заштита да скапуваат.

Слична е состојбата и во етнолошката поставка каде наместо да биде изложено најголемото богатство на Република Македонија таа стои празна и руинирана. Вода тече од сите страни, додека пак изложбените витрини се уништени и мувлосани.

Воедно, иако беше ветено се уште не е саниран кровот и нема никаква заштита од прокиснување и поплави, па затоа при најмал дожд депоата на музејот се поплавуваат и со тоа постои опасност од огромна штета на предметите кои се од непроценлива важност за историјата, културата и традицијата на Република Македонија.

Дополнително нема основни услови за работа ниту за вработените во Музејот, и тие наместо во соодветни простории, работат во распаднати простории.

СДСМ единствено што направи во музејот е тоа што се погрижи да вработи најмалку 15 партиски војници кои наместо за потребите на музејот се вработени за партиски потреби.

Културното наследство е темелна вредност на Република Македонија, но не и за СДСМ. Заради негрижата на СДСМ културното наследство на Македонија оди во заборав.

За ваквата негрижа и запоставување на културното наследство одговорност мора да има и ќе има. СДСМ очигледно се незаинтересирани и неспособни па затоа време е за избори по кои ќе почне Обнова на Македонија“, изјави Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски