ЕУ викендов нема да разговара за Брегзит

Од:

Европската унија го отфрли барањето на Велика Британија за разговори за Брегзит викендов, објавија денеска британските медиуми.

Европската комисија соопшти дека новата понуда на британскиот премиер Борис Џонсон не дава основа за финализирање на договорот за излез на Велика Британија од ЕУ, објави „Скај њуз“.

Разговорите за планот на Џонсон за прашањето за ирската граница нема да се одржат овој викенд, потврди портпаролката на ЕК, Наташа Берто за Скај.

Таа додаде дека на Велика Британија во понеделник ќе и биде дадена „втора шанса детално да ги презентира своите предлози“.

– Ако имавме разговори во текот на викендов, тоа би изгледало како да станува збор за вистински преговори, а ние сме далеку од тоа, изјави европски дипломат за „Тајмс“.

Борис Џонсон повтори дека нема да бара одложување на Брегзит.

– Нов договор или без договор – но нема одложување, напиша Џонсон на Твитер.

Сепак, неговата Влада за првпат вчера призна дека Џонсон ќе испрати писмо до ЕУ во кое ќе побара одложување на Брегзит доколку не се постигне договор до 19 октомври.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно