Средношколски игри на Водно

Од:

Под слоганот „ЗАЕДНО ВО ПРИРОДА“ денеска од 10 до 13 часот на Средно Водно во Скопје ќе се одржат шестите „Средношколски игри“, манифестација од забавен и натпреварувачки карактер за ученици од средните училишта на Град Скопје, во организација на ЗГ „СФЕРА“ Скопје.

Манифестација, која ќе вклучува различни активности, како што се натпревари во крос, во знаење, уметнички вештини, еко игри, забава…има за цел да ги поттикне средношколците да развијат свесност за потребата и неопходноста од нивен редовен престој во природа со цел подобрување и унапредување на нивното психофизичко здравје.

Како што информираат организаторите, на еднодневните игри ќе бидат вклучени ученици – натпреварувачи, наставници, директори, комисии, компании, но и останати ученици, родители, гости, посетители.

Натпреварувачкиот дел од игрите трае од 10 до 11 часот, а од 12 часот ќе се прогласуваат и доделуваат наградите за најдобрите ученици по активности. Од самиот настан, учениците ќе испратат порака за поттикнување на здрав живот и почесто движење во природни средини, толеранција и заедништво меѓу младите, непотпаѓање на пороците дрога и алкохол, и ширење позитивни искуства со своите врсници.

Манифестацијата е поддржана од Град Скопје, ЈП „Паркови и зеленило“, Здравствен дом Скопје, компаниите „Магрони“ со брендовите „Ladna juicy“ и Добра Вода, и „Виталија“ со житните плочки Go Nutri.

Би можело да ве интересира

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство