Ѓорѓиевски: Спортски терен за две кумановски населби и реконструкција на улици

Од:

Спортски терен за двете кумановски населби „Ајдучка Чешма“ и „Иго Тричковиќ“ и доизградба на улицата „300“ и „306“, вети кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, Зоран Ѓорѓиевски заедно со носителот на листата за советници Драган Петковски на денешната средба со жителите од населбата „Ајдучка Чешма“.

Како дел од проектот за модернизација на градот ќе се асфалтираат улиците од витално значење за жителите од населбата, а ќе се работи и на доизградба на канализациската мрежа. Спортскиот терен ќе биде мултифункционален, а ќе го користат жителите од двете населби.

– Во програмата е предвидено и изградба и реконструкција на месни заедници во сите населби,каде што граѓаните непречено ќе имаат можност да комуницираат со локалната власт, изјави Ѓорѓиевски.

Поради потребите на жителите од овие населби, како што најави Ѓорѓиевски, се планира и изградба на локални гробишта.

Ѓорѓиевски го посети и пазарот каде се врши продажба на секундарни производи каде најави изградба на нов зелен пазар во населбата „Гоце Делчев“. Вети и чистење на реката Кумановка, но и инвестиции на кејот по сите стандарди.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември