(ВИДЕО) Зеќири: Со Сиљановска и Дурловски заедно, Мицкоски не може да обнови ништо друго освен криминалниот режим

Од:

„Во ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски нема никакви промени, партијата се уште е заглавена во матрицата на деструкција и одбраната на криминалот.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да обноват ништо освен криминалиот режим и темните години на изолација и неизвесност.

Дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ планира да изврши обнова или разградување на земјата преку Гордана Сиљановска која јавно кажа дека се залага за откажување од Договорот од Преспа и соработката со Албанците во државата?“, рече Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ.

„Ако Гордана Сиљановска е за поништување на Договорот од Преспа, ако за неуспешниот претседателски кандидат за Злбанците нема место во Република Северна Макеоднија, тогаш не може да се очкува ништо европско и прогресивно од ВМРО-ДПМНЕ.

Појавувањето на Игор Дурловски во листата која наводно треба да ја обновува државата значи најава на соништата од минатото за погазување на парламентарната демократија во земјата. Најава за нов крвав четврток или црн понеделник во Собранието.

Со кого и да настапува ВМРО-ДПМНЕ едно е јасно – ова раководство на партијата има за цел да ја спасува фамилијата и криминалците во сопствените редови.

ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство ниту има визија, ниту посакува сигурна иднина

за својата земја. ВМРО-ДПМНЕ со ова раководство е завршена приказна.

Мицкоски прво треба да расчисти со криминалците во своите редови, наместо да ги штити, потоа да им се извини на граѓаните за грабежот од неговата партија, па тогаш нека зборува за нов тим и нови политики.

До тогаш, нека ги остават институциите да го довршат реформскиот процес што е започнат и нека престанат со опструкциите“, изјави Мухамед Зеќири, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ