Претставување на кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ЛП Горан Николовски

Од:

Либерална партија го претстави кандодатот за градоначалник на Скопје Горан Николовски.

Имам став Градот Скопје да биде европска метропола со сообраќај без застој. Изградбата на трамвајска мрежа е главниот проект додека субвенционирање на сите автобуски превозници по поминат километар ќе биде дополнителна мерка за поттик на користењето на јавниот сообраќај низ оптимално сообраќајно поврзување на сите делови на градот Скопје, рече тој.

Имам став, додаде, Градот Скопје да добие проширена гасоводна мрежа што ги опфаќа домаќинствата и стопанските субјекти. Поврзувањето и инсталирањето ќе биде субвенционирано. Секако дека во овој процес паралелно ќе ги поттикнеме граѓаните и стопанствениците да ја зголемат енергетската ефикасност во нивните домови и стопански објекти.

Имам став водата и водните ресурси соодветно да се трошат и заштитуваат, а отпадните води адекватно да се третираат. Азбестните цевки на водоводната мрежа за време на овој мандат ќе бидат минато.

Имам став азбестните покриви на колективните згради и индивидуалните станбени објекти да станат минато и овој „тивок долготраен убиец“ на животниот простор замине во историјата.

За сите претходно наведени цели имаме програма и тим што ќе овозможат максимално искористување на средствата од европските фондови. Имам став комуналните услуги да се подобруваат и унапредуваат. Набавка на модерна опрема за перње на контејнери, продолжување и проширување на проектите за селекција на отпадот се дел од мерките. Имам став за зајакнување на процесите на вдомување на бездомните животни, за едукација на младата популација да ги сака животните и зголемување на ингеренциите на комуналните служби во однос на заштита на животните (или популарно кажано формирање на Animal police). Имам став да се формираат и гробишта за миленици.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?