Творештвото на зографите од 19 и почетокот од 20 век на изложба во Куманово

Од:

Изложбата „Творештвото на зографите од ХIХ и почетокот на ХХ век во Кумановско“, од авторката Валентина Андреиќ од кумановскиот музеј, ќе биде отоворена вечерва во Уметничката галерија Куманово.

На изложбата ќе биде презентирано творештвото на македонски зографи од 19 и почетокот на 20 век, кои го изработиле иконописот и фреско живописот, во преку 30-тина цркви во кумановско. Изложбата ќе биде презентирана преку повеќе од 30 фото колор постери со икони и фрески, царски двери и други дела од црковната уметност.

Кумановци ќе имаат можност да го видат творештвото на зографи од мијачкиот малорекански крај, велешко, Крушево и други места. Meѓу нив се наоѓа и името на Дичо зограф од Тресонче, најголемиот мајстор на црковното сликарство на Балканот, Димитар Андонов од Папрадиште, Вено Костов од Галичник, Зафир Василев од Дебар и други познати имиња на зографи во нашата држава, на првиот зограф од Куманово, Трајко Mуфтински.

-Творештвото на зографите во црквите во Кумановско во 19 век зборува за духовното богатство на овие луѓе кои твореле во сложена општествено политичка состојба во тоа време и во духот на предходната иконописна и фреско сликарска традиција. Во 19 век биле прифатени и преземени новите движења во уметноста од Европа, соседните земји и од Русија и пренесени во Македонија, со што е збогатен домашниот ликовен репертоар со нови ликовни идеи, вели авторката Андреиќ, виш кусос историчар на уметност од музејот.

Проектот е од областа на историјата на уметност и е финансиран од Mинистерството за култура за 2019 година.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска