Сталоне и Лундгрен во нов заеднички проект

Од:

Светски познатиот акционен двоец, глумците Силвестер Сталоне и Долф Лундгрен повторно се здружија, сега заради ТВ-проектот „Интернационалец“ (The International), којшто е во фаза на претпродукција.

Се работи за едночасовен политички трилер во режија на Сталоне, а со Лундгрен во главната улога, како преговарач и таен агент. Проектот е на ТВ мрежата Си-би-ес.

Кен Санзел ќе го пишува сценариото и ќе биде извршен продуцент.

Засега, како скоро сигурна, е договорена само пилот-епизодата.

Сталоне и Лундгрен петходно заедно глумеа во „Роки 4“, „Крид 2“ и во серијалот филмови „Платеници“ (Expendables).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Сталоне и Борисов си ги одмерија силите