Воспитувачка дала на деца да ја пробаат нејзината крв

Од:

Воспитувачка во една градинка во Осло е отпуштена од работното место, бидејќи на деца од три до шест години им дала да ја пробаат нејзината крв.

Директорката на градинката Ингер Лисе Соеме Андерсон изјавила дека нејзината колешка донела примерок од своја крв и го ставила во чинија пред децата.

Им дозволила да ја допираат крвта, а кога ја прашале како да го исчистат прстот им рекла да го стават во усни – изјави Андерсон.

Инцидентот бил откриен, откако едно од децата случката ја раскажало на друга воспитувачка.

Отпуштената учителка признала дека донела крв во училиштето и изјавила дека само едно дете ја пробало нејзината крв.

Веднаш по откривањето на случајот, примерок од крвта на учителката е дадена на тестирање.

Властите сметаат дека децата не се во опасност, бидејќи постои мала веројатност крвта да е заразна. Резултатите од тестовите се уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство