Кривична пријава за поранешна директорка на детската градинка „Мајски цвет“ во Карпош

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал, до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 65 годишно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавената, во својство на директор на детска градинка „Мајски цвет“ во општина Карпош, чиј мандат истекувал на 16.01.2014, како што соопшти денеска МВР, со цел да си овозможи продолжувањето на извршувањето на функцијата директор, на 11.12.2013, самоволно и без основ, односно без одлука од Управниот одбор, извршила сторнирање на претходно објавениот оглас за избор на нов директор на установата, преку доставување писмени барања, потпишани од неа, до дневните весници каде што претходно бил објавен огласот.

На тој начин, продолжувајќи со извршување на функцијата, таа си овозможила остварување повисоки примања во периодот од 16.01.2014 до 07.08.2018. Во наведениот период таа се стекнала со противправна имотна корист од 990.977 денари.

Би можело да ве интересира

Три лица пронајдени починати во Скопје, наредени обдукции

Кривична пријава за дебранец кој возел без возачка, во алкохолизирана состојба и ги нападнал полицајците

Кривина пријава за жител на Пласница кој го отшетил возот „Ќиро“

Професор истепал ученичка во средо училиште во Кичево

Го тепал, го принудувал орално да го задоволува и да користи дрога – кумановец киднапирал сограѓанин

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајка и молчела поради љубовна врска со него