А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

СДСМ: Новиот концепт за третман на отпадот во Скопје, реализиран од градската власт го унапредува квалитетот на животната средина

by А1он03/10/2019 - 09:28110
Share0

„Градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов продолжува да работи одговорно, домаќински и во интерес на граѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Преку новиот концепт на третман на комуналниот отпад и хигиената на јавните површини во Скопје, преполните контејнери со отпад и непријатна миризба се веќе минато.

Со набавката на новите 540 контејнери со капацитет од 3200 литри, што е за три пати поголем од досегашните, ќе се заменат над 1800 од вкупно 4500 стари контејнери.

Паралелно со тоа, градот набави 4 нови комунални возила за третман на овие контејнери“, велат од СДСМ.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Овие возила се опремени со технолошки најсовремен систем за странично собирање на отпадот што значително ќе го забрза и поевтини процесот на собирање комунален отпад во нашиот град.

Набавени се и 30 контејнери со капацитет од 2200 литри за селектирање на отпад.

Град Скопје набави и 950 нови канти за џебен отпад што преставува зголемување за една половина од досегашните 1750 канти, од кои 100 канти се прилагодени за отпадоци од домашни миленици.

Овие канти заедно со новите 12 електрични машини за вакумско чистење и новите 10 електрични возила за чистење и миење на јавни површини го зголемуваат техничкиот потенцијал и претставуваат можност заеднички да се грижиме за хигиената на јавниот простор во нашиот град.

Возилата за миење и чистење се технолошки најсовремени машини на електричен погон кои воопшто не го загадуваат воздухот се наменети за одржување на хигиената на јавните простори, пред се шеталиштата, тротоарите и вело патеките.

Граѓаните заслужуваат чиста и здрава животна средина, во таа насока се и вложувањата на локалната и централната власт предводени од СДСМ кои во континуитет продолжуваат со инвестирање во човечки и технолошки ресурси за таа намена“, се вели во соопштението на СДСМ.

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски11/09/2026 - 09:0311/09/2026 - 09:16

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски11/09/2026 - 08:4211/09/2026 - 09:16

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Горан Наумовски10/09/2026 - 13:14
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео