Путин за Грета: Можеби ќе ве разочарам

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не го споделува ентузијазмот за говорот на шведската активистка за животна средина, Грета Тунберг во Обединетите Нации.

Тој го осуди користењето на деца и тинејџери во остварувањето на туѓите интереси.

„Можеби ќе ве разочарам, но не сум воодушевен од говорот на Грета Тунберг“, рече Путин на Руската енергетска недела.

Тој оцени дека е добро тинејџерите и младите луѓе да го насочат своето внимание кон проблемите на денешницата, вклучително и заштита на животната средина, пренесува ТАС.

„Сепак, кога деца и тинејџери се користат заради туѓи интереси, тоа е вредно за осуда“, рече рускиот претседател.

Путин верува дека никој не и објаснил на Грета дека современиот свет е сложен и различен и дека луѓето во Африка и во многу азиски земји сакаат да живеат во богати земји како што е Шведска, пренесува Ројтерс.

„Сигурен сум дека Грета е многу љубезна и чесна девојка, но возрасните треба да сторат сé што можат за да не ги доведат децата и тинејџерите во екстремни ситуации“, рече Путин.

На самитот на ОН во Њујорк, Грета Тунберг ги прекори светските лидери за неуспехот во решавањето на климатските промени.

„Како се осмелувате? Вие ги украдовте моите соништа“, рече 16-годишната девојка, која започна со протести пред шведскиот парламент пред повеќе од една година, кои кулминираа со глобалните протести против климатските промени.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

Орце Костов

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија