ДИК ќе изврши жребување за новите пријавени кандидати за градоначалници и советници

Од:

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на јавна седница ќе одржи дополнително жребување за утврдување на редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за Локалните избори 2013 година.

Жребувањето се однесува исклучиво само на политичките партии кои поднеле листи за членови на совети и на кандидати за градоначалници во дополнителниот рок до 8 март на полноќ и не учествувале на претходната ждрепка, соопшти ДИК.

Листите на кандидати кои се поднесени од ист подносител добиваат ист реден број во сите општини.

Се очекува денеска ДИК да ги објави конечните бројки на учесниците на локалните избори односно бројот на кандидати за градоначалници и советничките листи.

Комисијата за верификација на факти ги испрати комплетните дополнителни листи до Управата за безбедност и контраразузнавање, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и до Воената служба за разузнавање при Министерството за одбрана и во текот на денешниот ден очекува повратни информации од овие институции.

За разлика од пред две недели, како што информираше портпаролот Предраг Димитровски, Комисијата не вршеше проверка во сопствената база на податоци туку ги испрати комплетните листи до четирите институции во интерес на времето.

Во меѓувреме се одвива и изборната кампања, која започна во понеделникот и ќе трае до 22 март. Изборниот молк е на 23 март и на денот на изборите.

Локалните избори во Македонија ќе се спроведат во 80 општини и во Градот Скопје, а во избирачкиот список за гласање се запишани вкупно 1.743.403 избирачи.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

(ВИДЕО) Илјадници луѓе на десничарски протест во Саксонија: „Овој картел, оваа влада мора да си замине“

Венс за претседателската трка во 2028 година: Не се сомневам дека Трамп ќе ја поддржи мојата одлука