Новата мис на Русија ги поддржа членките на групата „Пуси Рајот“

Од:

Новата мис на Русија ги поддржа денеска членките на панк групата „Пуси рајот“, кои се осудени на две години затвор, поради изведување на протестен перформанс во една црква, насочен против рускиот претседател Владимир Путин.

Осумнаесет годишната Елмира Абдразакова, која по потекло е Татарка и чиј избор за мис на Русија предизвика протести на националистите на неколку сајтови, изјави дека смета оти младите пејачки не би требало да минат две години во затвор.

– За мене црквата е светиња и да се направи такво нешто е неприфатливо, но сепак казната е премногу строга. Можеби само треба да се работи со нив, со цел да го променат својот поглед на светот, истакна таа за руските медиуми.

Судот ги осуди Надежда Толоконикова и Марија Аљокина на две години затвор поради „хулиганство мотивирано од религиска омраза“, бидејќи во февруари минатата година во московска црква изведоа перформанс, како израз на протест поради политиката на Путин.

Би можело да ве интересира

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија