(ВИДЕО) Груевски: Македонија се сака со дела

Од:

Гледам народ кој не наседнува на празни говори, на празни ветувања, нашите политички противници не сфаќаат дека времето се промени, дека ова не се 90 те, народот има чувсво за проценка и не можете да го излажете, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на митингот на скопскиот плоштад.

Немојте да го нарекувате народот плашлив, доста ширите невистини, нашиот народ не се плаши, нашиот народ е храбар и слободен. Овој народ поддржува дела и ветување кое се остваруваа. Македонија се сака со дела.

Во однос на забелешките дека власта прави многу реклами, Груевски рече:

За да правиш реклама мораш да имаш дела, нема реклама без дела, треба да имаш што да рекламираш, што да рекламира Бранко Црвенковски и СДСМ, да го рекламира времето кога ја имаа довербата и кога правеа шверц со цигари, или да ја рекламира транзицијата во Македонија , што да рекламира, или тоа што потпишаа Поранешна Република Македонија како промена на името или дека ќе вработат по еден член од секое семејство.

На 24. март да дадеме подршка за нови дела, за Коце Трајановски, поддршча за подземната сообраќајница, за ски патеите на Водно, за водовод во Ченто во кое ќе се инвестираат 4 милиони евра,рече Груевски.

Би можело да ве интересира

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски