Австралија – втор најголем увозник на оружје во светот

Од:

Австралија стана вториот најголем увозник на оружје во светот, покажуваат податоците на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Од 2017 до 2018 година, Австралија се искачи од четвртото на второто место. Причина за тоа е набавка на голем број нови авиони и подморници поради проценката дека безбедносната состојба во областа е под зголемена закана.

Саудиска Арабија го држи првото место меѓу увозниците на оружје, а Кина се искачи од шестото место во 2017 година на трето, додека во 2018 година Индија падна од второто на четвртото место.

И покрај надежите на австралиската конзервативна влада да биде и на списокот на првите 10 извозници на оружје, земјата падна од 18. на 25. место во периодот од 2017 до 2018 година.

Најголеми четири извозници на оружје се САД, Русија, Франција и Германија, а на петто место е рангирана Шпанија, која на тоа место се искачи откако во 2017 година беше на деветото место.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа