Лекови на рецепт од денеска во која било аптека и во кое било време од месецот

Од:

Граѓаните од денеска ќе можат да добијат лек што им е препишан на рецепт од која било аптека во државата и во кој бил ден во месецот. Од денеска се укинуваат квотите за лековите и се воведува нов електронски систем во кој ќе се регистрираат граѓаните кои подигнале лек на рецепт, мерка која се очекува да им донесе бенефит на сите во земјава.

Според Фондот за здравствено осигурување, со новиот систем на работа се елиминира горната граница на можна потрошувачка по аптека, а сите аптеки во државата ќе бидат во еднаква позиција. При земањето на лекот граѓанинот ќе се легитимира со лична карта, а неговите податоци нема да се скенираат, бидејќи Фондот веќе располага со податоците на граѓаните, со нивните матични броеви, туку само ќе поминат на читач на податоци. За постарите и изнемоштени лица, малолетните и оние лица кои поради некоја спреченост нема да можат да ги подигнат лековите, со новата мерка е предвидено нивно блиско лице во нивно име да може да го земе лекот на рецепт.

Фондот и граѓаните ќе имаат транспарентен увид во реално време за евентуални недостатоци во распределбата на лековите.

За министерот за здравство Венко Филипче, со оваа мерка која е дел од реформите за подобрување на здравствените услуги, нема да има повеќе турканици и нетрпение, нема потреба граѓаните да создаваат домашни аптеки во страв да не останат без потребните лекови.

Импактот што ваквата мерка ќе го има врз буџетот, според премиерот Зоран Заев ќе изнесува од 100 до 300 милиони денари, но се надева дека самите контролни механизми ќе го избалансираат тоа ниво.

-Чекорот е храбар затоа што Фондот реално е стабилен заради зголемените плати коишто носат и зголемени приходи на двата фонда – и на пензискиот и на здравствениот. Таа стабилност е загарантирана, додаде Заев.

Октомври ќе биде преоден месец кога системот ќе се става во погон, граѓанин ќе може да подигне рецепт и доколку му е измината личната карта, а дежурен лекар ќе може да издаде рецепт.

Новиот електронски систем на издавање лекови почна да се спроведува како пилот – проект во туристичите места во земјава за време на летниот период (во Охрид, Струга, Гевгелија, Ресен и Дојран), пред да влезе во вторава фаза со опфат на целата држава.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Неделава ќе ја почнеме иницијативата за законските измени на ФЗОР случајот со Леонид не е единствен

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

A1on

Се прекинува штрајкот во ФЗОМ – платите исти до мај

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски

Меџити: ФЗОМ побара 2,9 милијарди денари за нови лекови на позитивна листа за следната година

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска