Заев – Ципрас: Договорот од Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во регионот

Од:

Преспанскиот договор ја заслужува севкупната поддршка од двете земји, нагласија на вечерашната средба, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Грција Алексис Ципрас.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата одржана во срдечна и пријателска атмосфера, двајцата соговорници разговараа за придобивките од Преспанскиот договор.

-Решението постигнато со договорот потпишан во Преспа ја смени реалноста меѓу двете земји и создаде нова, позитивна динамика во односите меѓу земјите во регионот, заклучија премиерот Заев и поранешниот грчки премиер Ципрас.

Низ разговорот, се додава, беше констатирано дека од 17 јуни, минатата година соработката меѓу двете земји се продлабочува, откако беше поставена на темелите на договорот за ново пријателство и стратешко партнерство.

На средбата Заев и Ципрас, се посочува, констатираа поголем број придобивки како што е зголемената трговска размена за 20 отсто за само една година, покренатите постапки за нови гранични премини меѓу двете земји, блиската соработка во сферата на одбраната како дел од заедничките политики што произлегуваат од НАТО во делот на безбедносната контрола на небото над Северна Македонија (Аir Policing), како и зајакнувањето на соработката во повеќе други области.

-На средбата во кабинетот на премиерот Заев заеднички беше поздравено скорешното полноправно членство на нашата земја во НАТО, чија завршна фаза – ратификацијата на Протоколот за пристапување, започна токму во парламентот на Република Грција, се посочува во соопштението.

Двајцата соговорници на средбата ја поздравија силната поддршка за отпочнување на преговорите меѓу нашата земја и ЕУ, за која оценија дека доаѓа не само како резултат на Преспанскиот договор и позитивните ефекти на решавањето на билатералниот спор меѓу Северна Македонија и Грција, туку и заради исполнувањето на домашните реформи, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Димитриевски од Струмица: Помина времето кога политичарите испраќаа пораки од скапи јахти

Предраг Петровиќ

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција