Народната партија на Австрија (ОВП) на поранешниот премиер Себастијан Курц е убедлив победник на денешните предвремени парламентарни избори во Австрија.
Поранешниот коалициски партнер (ФПО), беше жестоко потресен од корупцискиот скандал и претрпе тежок пораз.
ОВП, според првите официјални првични првични резултати засновани на 46,4 проценти од преброените гласови, освои 37,2 проценти од гласовите, што е за 5,7 проценти повеќе од 2017 година.
Според овие резултати, на второто место е Социјалдемократската партија (СПО) со 22 отсто од гласовите, што е за 4,9 отсто помалку во споредба со минатите избори.
Партијата за слобода (ФПО) која беше неодамнешен коалициски партнер на ОВП, освои десет отсто помалку гласови, што значи дека тие освоиле 16 отсто од гласовите. ФПО претрпе тежок пораз на изборите како последица од аферата „Ибица“ на нивниот лидер Ханс-Кристијан Штрахе.
Зелените освоија 14,3 отсто гласови, а во новиот состав на парламентот ќе биде и либералната партија Неос, која сега има осум отсто, за 2,7 отсто повеќе од 2017 година.