Соообраќајка пред Собранието, повредено едно лице

Од:

Едно лице е повредено во сообраќајка што се случи претпладне на крстосницата на ул. „11 Октомври“ и ул. „Филип Втори Македонски“ кај зградата на Собранието, што предизвика времен застој во центарот на главниот град.

Од МВР изјавија дека во 10:15 часот претпладне дошло до судир помеѓу товарно моторно возило „ситроен јампер“ и патничко возило „опел“, двете со скопски регистерски ознаки. Со телесни повреди се здобил возачот на „опелот“ кому му е укажана помош во Градската болница „Св.Наум Охридски“.

Во тек е увид на местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредено 12-годишно дете, му пукнала петарда во раката

ВИДЕО: Убиен 22-годишен турски државјанин во Стара чаршија, напаѓачот е во бегство

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Двегодишно дете застрелано во главата, се бори за живот

Повредено осумгодишно дете во Врапчиште: петарда му пукнала во рака

Пумпа за бетон уби работник од Албанија кај Требеништа

Измамена старица: лажен доктор и зел 150 илјади денари, ја убедил дека ќерка ѝ е повредена