Хрватскиот министер за туризам поднесе оставка

Од:

Министерот за туризам на Хрватска, Вељко Остојиќ денеска поднесе оставка поради обвинувања дека го оштетил буџетот на државата. Остојиќ се споменува во врска со малверзации за пренамена на земјиште во Истра во што биле вмешани неговата сопруга и членови на семејството.

По разговор со Остојиќ, премиерот на државата Зоран Милановиќ ја прифатил оставката.

– Коалицијата постави високи етички стандарди за членовите на Владата и нема намера да отстапи, се вели во соопштение од Владата. Се изразува очекување Истарскиот демократски сабор како членка на владејачката коалиција од чии редови е Остојиќ, да предложи нов министер за туризам.

Хрватските медиуми најавуваат дека тема на вонредната седница на таа партија би требало да биде и излегување на партијата од владејачката коалиција.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка