Ќеркичката на шпанската поп-ѕвезда Енрике Иглесијас го наследила талентот за музика од својот татко. Тоа го докажа самата, со тоа што запеа и заигра со него на познатата детска песничка „Тркалата на автобусот”, а гордиот татко го објави тоа на Инстаграм.
Луси има само 21 месец, но ги освои срцата на сите следачи и обожаватели на татко си.
„Преслатки сте”, „Прекрасен татко”, „Има ли нешто послатко?” – се дел од бројните коментари на следачите.
На снимката во позадина се слуша и потпевнувањето на мајка ѝ Ана Курникова. Иглесијас и славната тенисерка 2017 година ги добија близнаците Луси и Николас. Пејачот ретко објавува снимки од миговите минати со семејството, па еве ретка прилика обожавателите да уживаат и во тоа.