(ВИДЕО) Костадинов: Дали донациите на Орце Камчев за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ се неколку стотици илијади евра?

Од:

„Цели осум дена Христијан Мицкоски молчи, бега од јавноста, не дава одговор на јавно поставените прашања:

Дали тајкунот и обвинет во предмети на СЈО, Орце Камчев ја финансирал кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за престедателските избори?

Нема одговор ниту на прашањето, дали сите донации за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите се нотирани во нивниот Финансиски извештај?

Молчи Мицкоски, молчи и Игор Јанушев кој како генерален секретар е потписник на сметката“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Молкот на Мицкоски и Јанушев отвора сериозни и оправдани сомнежи во јавноста.

За да ги охрабриме, да излезат и да одговорат пред граѓаните, ги прашуваме:

Дали донациите на Орце Камчев се неколку стотици илијади евра?

Ако Камчев ја финансирал кампањата со стотици илјади евра, а тоа не е заведено во финансискиот Извештај, тогаш се отвора простор за индиции за сериозно кривично дело, нелегално финансирање на изборна кампања.

Дали ова директно го поврзува Мицкоски со случајот „Рекет“ и дали можеби ова е мотивот, зошто тој толку посветено го брани тајкунот на режимот, Камчев?“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време