(ВИДЕО) Заев-Рикер: Датумот за старт на преговорите со ЕУ е од интерес и на САД

Од:

Северна Македонија во овој период е целосно фокусирана на обезбедувањето датумот за старт на преговорите со ЕУ во октомври, како и за напредок во ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО, двете стратешки цели за државата за чие остварување САД дадоа огромен придонес.

Ова го истакнал премиерот Зоран Заев на средбата со високите претставници на Стејт Департментот, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржана на маргините на 74-тото Генерално собрание на ОН во Њујорк.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата, на која бил придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров, премиерот Заев истакнал дека овие цели за Северна Македонија произлегуваат и од Договорот за стратешко партнерство со САД, во кој евроатлантските интеграции на земјата се приоритет за обезбедување на стабилноста и сигурноста на земјата, како и на регионот.

Низ разговорот, се додава во соопштението, била отворена и темата за продлабочување на трговската и економската соработка меѓу двете земји за што, како што било оценето, постојат големи потенцијали.

– Претставниците на Стејт департментот, помошникот на државниот секретар Филип Рикер и специјалниот претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, покажаа интерес и за актуелните политички случувања во нашата земја. Тие ја нагласија нивната, и поддршката на САД, во спроведувањето на реформите, особено во делот на правната држава, владеењето на правото и борбата против корупцијата, како прашања од важност за да се оствари очекуваната цел – датумот за старт на преговорите со ЕУ, што е од интерес и на САД, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

Митева: ДУИ кога e на власт работи на еден начин, а кога е во опозиција бара нешто друго

Левица: Додека со донации се лечат повредените од Кочани – владата на ДПМНЕ троши милиони за кафе и ЕКСПО 2027

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи