ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој сега под диктат на власта прави криминал ќе одговара

Од:

„Точно една недела откако во јавноста осамна аферата Рекет 2 тешка над 11 милиони евра, а ЈО на Русковска и властите не реагираат воопшто и со своето неделување овозможуваат криминалците да го повторат делото, да влијаат врз сведоци и докази.

Заев и Филипче го пуштија Ден Дончев да се брани со илузорна прес конференција, на која го призна практично целиот криминал, но реакција од ЈО нема.

Реакција нема, затоа што ЈО е под директна команда на Зоран Заев.

Неказнивоста на криминалот и непостапувањето на институциите во заштита на инвестициите кои обезбедуваат подобар стандард ќе има долгорочни последици.

Со несериозниот третман на случајот Рекет 2 се испраќа поpака дека секој потенцијален инвеститор може да настрада и нема да добие правда доколку на него му се намерачи некој соработник на Заев“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа е толку катастрофална состојбата со странските инвестиции, а од Македонија заминуваат и оние кои дошле.

Заев и Русковска по истиот принцип по кој ја затскриваа аферата Рекет сакаат да го затскријат и Рекет 2. Да не беше меѓународниот притисок во Рекет истрага воопшто и ќе немаше, за подоцна откако меѓународната јавност реагира во притвор да завршат само директните извршители Зоран Милески – Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева.

Зоран Заев и Вилма Русковска мора да знаат дека власта не е вечна, и дека со паѓањето на СДСМ од власт одговорност за целиот криминал, како и за неговото затскривање со цел неказзнивост ќе има.

Секој еден кој сега под диктат на власта врши криминал ќе одговара.

Зоран Заев и СДСМ паѓаат. Граѓаните ќе им го кажаат тоа на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски