Посебна трибина за жени на стадионот во Техеран

Од:

Трибина на стадионот во Техеран со околу 4.600 места за седење, ќе биде резервирана само за жени, на мечот помеѓу Иран и Камбоџа, од квалификациите за СП 2022 во Катар.

Средбата во Техеран се игра на 10 октомври на стадионот Азади, а овие 4.600 седишта се пет проценти од вкупниот капацитет на стадионот. Со оваа одлука, Иранците позитивно одговорија на барањето на ФИФА, на жените да им се дозволи слободен влез на стадионите во таа земја.

Забраната за влез на жени на стадион постои 40 години.

Според Министерот за спорт на Иран, на стадионот се направени потребните подготовки, како посебни влезови за жени, женски тоалети, а измонтирана е и дополнителна трибина на која ќе има само припаднички на понежниот пол.

Би можело да ве интересира

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он

Заканувачки говор на Хамнеи: Израел и САД можат да очекуваат разорен одговор

А1он