Иранскиот претседател Хасан Рохани ги обвини САД за „безмилосен економски тероризам“ и, како што рече, пиратско однесување во меѓународните односи.
Иран нема да преговара за нуклеарното прашање сè додека на сила се санкции, рече Рохани во говорот пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Тој рече дека неговата земја „се спротивставува на најнемилосрдниот економски тероризам“.
Рохани, исто така, предупреди дека регионот е на работ на колапс, како и дека каква и да е невнимателна грешка може да „предизвика голем пожар“.