Повеќе од 1100 лица приведени по протестите во Египет

Од:

Египетските власти уапсија повеќе од 1.100 луѓе, вклучително и некои познати личности, по протестите овој викенд во неколку градови од каде беше побарана оставка на претседателот Фатах ал-Сиси, соопштија организациите за човекови права.

Меѓу уапсените се и некои истакнати опозициски фигури, портпарол на кандидатот за претседател на минатогодишните избори и добро познат писател.

Во спротивност на забраната за собири без дозвола од владата, стотици лица излегоа на улиците на Каиро и другите градови во петокот во знак на протест против корупцијата. Демонстрациите продолжија во саботата во Суец на брегот на Црвеното Море.

Безбедносните сили го засилија своето присуство на поголемите плоштади во големите градови и на самото место ги проверуваа мобилните телефони на граѓаните за сомнителните политички содржини.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски