Уапсена поранешна уредничка во ХТВ

Од:

Во Загреб беше уапсена поранешната уредничка на Хрватската телевизија Дијана Чуљак која е осомничена во аферата Кор медија, објави Јутарњи лист.

Во таа афера нејзиниот поранешен сопруг Владимир Шелебај и уште четири луѓе се осомничени за неисплаќање 3,1 милион куни (409.000 евра) данок на додадена вредност и незаконско повлекување на повеќе од 2,11 милиони евра од компанијата Кор медија и Медиа спот.

Шелебај во истрага, но и на судење на поранешниот директор на Нова ТВ Синиша Свилан сведочел дека Кор медија е основана исклучиво на иницијатива на Дијана Чуљак, и дека таа имала половина учество во фирмата и дека поделувале заработка.

Таа негира дека со поранешниот сопруг имала таен договор со кој треба да се прикрие нејзиниот судир на интереси бидејќи во тоа време работела во ХТВ, а Кор медија работеле емисии за конкурентска телевизија.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Хрватска

Хрватска ја испушти предноста од два гола и ремизираше со Полска

Хрватите негодуваат на концертите на Александра Пријовиќ: „Системски план на српскиот свет“

(ВИДЕО) Големо невреме во Хрватска: поројот носеше се пред себе, водата влезе во куќите

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка