(ВИДЕО) Арсовски: Сите знаат кој е нарачателот на рекетот, Бојан Јовановски сам ниту на сон не можел да рекетира

Од:

„Целата истрага за случајот “Рекет” е една огромна фарса. Цели 5 месеци, Рускоска обвинителството, Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Судот и сите останати ги манипулираат граѓаните и јавноста, си играат со нивната интелигенција и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминално-рекетарски скандал во историјата на Република Македонија.

Единствена цел на оваа фарса, режирана од Рускоска и Јовевски, под диктат на Зоран Заев, е да се прикријат Кики, Фрики, Шеки, Баки и другите, за да не се стигне до главата на октоподот која се наоѓа во врвот на Владата. Сите знаат кој е главата на октоподот и сите знаат кој е нарачателот на рекетот, бидејќи Бојан Јовановски сам ниту на сон не можел да рекетира“, рече Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Истрагата целиот период се водеше непрофесионално и со бројни сомнежи кои упатуваат на тоа да ги прикријат трагите на вистината.

Од самиот почеток на истрагата беше дозволено од страна на Рускоска на Катица Јанева и останатите осомничени да прикриваат и бришат докази, да форматираат компјутери, да влијаат врз сведоци.

Фарса е и затоа што Заев има ветено на сите тројцата осомничени дека ќе ги извади од притвор и веќе почна тоа да го прави. Еден од осомничените излезе од притвор и во тој случај сите осомничени ќе можат да влијаат на сведоци, докази и искази.

Во екот на најголемата истрага за рекетирање, Рускоска и целото обвинителство си отидоа на колективен одмор и тоа отвора дополнителни сомнежи во целиот случај.

Едно е јасно и очигледно. Целиот период Заев и Рускоска се пазареа со извршителите на рекетирањето.

Никаде ги нема ниту синот на Катица Јанева, ниту врвот на СДСМ, ниту другите помагачи на делото рекет кое го извршувале Катица Јанева и Бојан Јовановски.

Оваа огромна фарса која ни е сервирана изминативе 5 месеци се со цел да се спасат нарачателите, не смее и не може да заврши само со 3ца обвинети за кои знаеме дека без поддршка од власта не смеат да рекетираат.

Право и правдина мора да има и ќе има, но не на ваков начин“, изјави Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски