А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Пуштањето на Кичеец од притвор покажува дека власта има премолчен договор за решавање на „Рекет“

by А1он25/09/2019 - 09:43650
Share0

„Русковска од ден во ден докажува дека е пиун на Заев. Пуштањето на Зоран Милески – Кичеец од притвор покажува дека власта има премолчен договор околу решавање на случајот Рекет, со покривање на трагите кои водат до Зоран Заев.

Добивај вести на вибер

Да не беше меѓународниот притисок во однос на случајот Рекет, ниту ќе се покренеше истрага, ниту рекетарите ќе беа во притвор. Русковска ја заташкуваше истрагата и кога не ја притвораше Јанева цел месец откако ги притвори Зоки Кичеец и Боки 13 и остави доволно време таа да влијае на доказите и сведоците. Сега повторно си игра со правдата и го пушта Зоки Кичеец од притвор после два месеци, а луѓе без никакво дело ги држеше во истражен затвор многу подолго“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Самиот факт што криминалци за кои видовме видео снимки како изнесуваат торба полна со пари добиени од рекет се пуштаат во куќен притвор кажува дека власта сака да го заташка случајот.

Русковска нема за цел да го расветли случајот Рекет и да дојде до вистинските нарачатели на милионскиот рекет, туку има за цел заштита на функционерите од власта и Зоран Заев лично кои се врвот на криминалниот октопод.

Поигрувањето на Русковска со правдата е повеќе од доволен аргумент зошто е потребно ЈО, кое ќе биде финансиски и кадровски независно од власта.
Со Русковска на чело на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција и со Заев на чело на државата правда нема да има.

Потребна е смена на СДСМ. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро. Доаѓа време за обнова на Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто